8 март, 2018

Слаткаристика ја претстави својата „Луда романтика“

Слаткаристика го претстави својот нов сингл насловен „Луда романтика“, со кој им го честита денешниот празник на сите припаднички на понежниот пол. Песната стигна заедно со романтично видео снимено во Венеција, каде што популарниот хип-хоп артист ужива со својата сопруга Сања Николиќ.

Автор на стиховите е самиот Слаткаристика, а музиката им е заедничка со колегата Ивајо, кој го направи и аранжманот, додека видеото е во режија на Флукс. Ние не се сомневаме дека и овој сингл ќе биде хит, а како изгледа и звучи „Лудата романтика“ на Слаткаристика дознајте горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑