30 мај, 2018

Слаткаристика им направи хит на „Либеро бенд“

Иако најчесто е посветен на сопствената кариера, Марко Маринковиќ – Слаткаристика одвреме-навреме знае да напише песна и за своите колеги од музичката сцена, а овој пат негово дело отпеаја момците од „Либеро бенд“.

Станува збор за потенцијалниот летен хит насловен „Моја“, чии стихови се на Слаткаристика, а во создавањето на музиката му помогна долгогодишниот соработник, авторот и продуцент Иван Јованов, или Ивајо, чиј потпис стои и на аранжманот.

Сето тоа визуелно го долови во моментов еден од најбараните режисери во регионот, Даниел Јовески, па каков резултат произлезе од соработката на оваа екипа, дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑