Видео

16 април, 2019

Слаткаристика и Таско ги здружија силите за „Марадона“

„Марадона“ е насловот на новиот сингл на Слаткаристика, за кој хип-хоп ѕвездата ги здружи силите со својот помлад колега Таско. Автор на музиката е самиот Марко Маринковиќ – Слаткаристика, а стиховите заеднички ги потпишуваат со Христијан Тасковски – Таско, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на веќе редовниот соработник Иван Јованов – Ивајо.

Снимено на градскиот стадион во Скопје, кој од минатата недела го носи името „Тоше Проески“, видеото го реализираше екипата на „Год ај продакшн“ (God Eye Production) и е објавено на каналот на бугарско-германската компанија „Фејсинг д сан“ (FacingTheSun).

View this post on Instagram

Тоше Проески 🎼❤️👏

A post shared by Slatkaristika (@iamslatkaristika) on

„Марадона“ доаѓа месец дена по сè уште актуелните „Дијаманти“, во соработка со „2Бона“, чие видео досега има собрано речиси 3 милиони прегледи. Сигурни сме дека слична судбина ќе дочека и „Марадона“, како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑