Македонија 10660306_719564218079146_5891505377176684941_n

31 август, 2014

Слаткаристика и Сања Николиќ запловија во брачните води

По четиригодишна врска, познатиот хип-хоп артист Марко Маринковиќ – Слаткаристика и некогашната Мис на Македонија, Сања Николиќ деновиве ја крунисаа својата љубов со брак. На веселбата која се одржа во еден скопски ресторан, покрај роднините присуствуваа и голем број колеги од естрадата. Иновативните младоженци, кои веќе подолго време работат во агенцијата „Иноватива“, брачниот живот го започнаа со танго на рап песната „Кажи да“, која Слаткар ја направил токму за оваа пригода. Почетокот на свадбата беше резервиран за македонски народни песни и ора, а потоа имаше музика од сите жанрови, за сите гости.

Тимот на РадиоМк им посакува среќен брак, а дел од атмосферата можете да погледнете на фотографиите во прилог.



Врати се горе ↑