Концерт Slatkaristika-Cover-1024x1017

18 октомври, 2012

Слаткаристика во хумана мисија!

Откако го најави својот голем концерт „Oтварање” на 2 номеври во Борис Трајковски арена, Слаткаристика и неговиот тим сериозно работат на подготовките за најголемото музичко случување годинава. Знаеме дека до сега во Спортскиот центар „Борис Трајковски” се оддржуваа и музички настани, но секогаш со критики кон неакустичноста на салата.

Но сега нашата најголема арена е подготвена со акустична изолација по светски стандарди, а премиерно во истата ќе настапи Слаткаристика, на 2 ноември, во 21 часот. По најавата на оваа соработка, Слаткаристика и С.Ц. Борис Трајковски со уште еден проект, овој пат од хуманитарен карактер. Имено, дел од средствата собрани од продажбата на картите од овој концерт ќе бидат донирани за Св.Јован Бигорски, а исто веќе се отворени и линии 143-143, на кој број може да донирате 100 денари(со вклучен ДДВ) за децата од Јавната установа детски дом 11 Октомври.

Со многу причини Слаткаристика и С.Ц. Борис Трајковски, ве очекуваат на најголемиот музички спектакл до сега!



Врати се горе ↑