Настани 10445948_698867236815511_1133331901203087704_n

9 јули, 2014

Слаткаристика и пријателите со концерт во Дојран

Слаткаристика и Иноватива Груп Ви го најавуваат концертот во Дојран „Slatkaristika & Special friends”, закажан на 01.08.2014 година (петок) на плажата Алекс. Овој настан е одлична можност за сите посетители на Дојранското езеро да се забавуваат и вечерта пред најголемиот национален празник во Македонија. Концертот нуди одлична програма и широк  музички репертоар.

Заедно со Слаткаристика, како негови специјални гости/пријатели ќе настапат Тајзи, бугарската R’n’B  сензација Бобо познат по песната „Дим да ме њама”, таткото на македонскиот хип-хоп,  Да Џака Накот и најдобриот саксофонист Ферус Мустафов. Како загревање на овој музички настан ќе настапат и Аце НЛ и диџеј Че.

Цената на билетите изнесува 150 денари и истите може да се набават вечерта, на самиот влез.

Во продолжение уживајте со неодамна објавениот видео запис за песната „Дими џам“.

 

 



Врати се горе ↑