Концерт 10445948_698867236815511_1133331901203087704_n

1 август, 2014

Слаткаристика и пријателите подготвени за концертот во Дојран

Слаткаристика заедно со пријателите се спремни за вечерашниот концерт (1 август, петок), кој ќе се одржи на Плажата Алекс во Дојран, со почеток во 23.00 часот. Посетителите ќе уживаат со најголемите хитови на Слаткаристика, гостинот Бобо од Бугарија, Тајзи, а заедно со Ферус тој ќе го исполни и последниот негов сингл „Дими џам”.

 

Поради големата посетеност на Дојран оваа година, вечерва се очекуваат голем број љубители на музиката на Слаткаристика и неговите пријатели, а забавата со овие артисти е загарантирана. Вратите за овој музички настан се отвораат во 22.00 часот, а влезот чини 150 денари.

По концертот во Дојран, Слаткаристика ја продолжува летната турнеја во соседна Бугарија, во Созопол, па низ останатите градови во Македонија.



Врати се горе ↑