Галерија Slatkaristika @Dojran

5 август, 2014

Слаткаристика и пријателите одржаа одличен концерт во Дојран

Во петокот, Слаткаристика одржа уште еден успешен концерт, но сега за прв пат во Дојран. Журката се случи на плажата Алекс и помина во одлична атмосфера и супер забава на преку 2000 посетители. Со почеток во 23.00 часот и неколку повторувања на најголемите хитови на Слаткаристика по желба на публиката, концертот траеше до утринските часови.

Пријателите на Слаткаристика, Бобо од Бугарија, Тајзи, Ферус Мустафов и Аце НЛ придонесоа за концертот да биде незаборавен.

Иако временските прилики беа до последен момент неизвесни и врнеше и за време концертот, тоа не ја спречи публиката да присуствува на едно од најголемите случувања ова лето во Дојран.

Слаткаристика ги реди своите успешни настапи и концерти, а оваа недела следува неговиот концерт во Созопол, Бугарија.



Врати се горе ↑