Видео

1 март, 2019

Слаткаристика и „2Бона“ имаат полна чанта „Дијаманти“

Слаткаристика го претстави својот нов сингл насловен „Дијаманти“, за кој ги здружи силите со своите колеги од дуото „2Бона“Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито – кои дебитираа на музичката сцена во 2015 година, со Слаткаристика соработуваа и за нивната „Би направил сè“, а овој пат соработката ја заокружија и со филмско видео исполнето со акција.

Фотографија на Slatkaristika.

Музиката на „Дијамантите“ ја потпишува самиот Слаткаристика, стиховите му се заеднички со „2Бона“, а аранжманот е на Марио Јелиќ – Кун и Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижи и за миксот и мастерингот. Видеото, пак, е дело на продукцијата „Год ај“ (God Eye), а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑