Галерија Slatkaristika 2

25 декември, 2013

Слаткаристика го промовираше новото ДВД издание

Како што најави, на 23-ти овој месец Слаткаристика ја одржа промоцијата за неговото ново ДВД издание од минатогодишниот концерт „Отварање”. Пред своите најблиски пријатели, колеги, соработници и новинари, во „Ало Ало”, Слаткаристика во понеделникот се заблагодари за поддршката на присутните, а сите заедно видовме извадок од ДВД материјалот и одличната атмосфера од концертот во арената „Борис Трајковски”.

Нашиот рапер ова издание го смета за едно од најдобрите негови дела и со истото во продажба им посакува уште поубава и поплодна наредна година на сите кои го следат, а присутните со оставање порака на поставената табла на влезот, на Слаткаристика му посакаа уште многу убави проекти и моменти како оваа промоција.



Врати се горе ↑