Македонија Слаткаристика Ферус Тајзи2

26 јуни, 2014

Слаткаристика го промовира новиот сингл „Дими Џам“ во соработка со Ферус и Тајзи

По едногодишна пауза, Слаткаристика има нова песна насловена „Дими Џам“ која вечерва ќе биде промовирана со видео запис на неговиот ЈуТјуб канал. Хумористична приказна во негов стил, која ја надополнуваат кралот на дувачките инструменти Ферус Мустафов и Тајзи.

Покрај Слаткаристика и неговите гости, во спотот ќе видите многу интересни ликови и улоги, а на овој музички проект се приклучи и Александар Саша Рајковиќ, со неговиот тромбон на кој свири долги години во бендот на светски познатиот музичар Горан Бреговиќ.

Спотот е работен во продукција на Иноватива, режија на Владимир Дади Ивановски и асистенција на Дарко Манасијески. Јован Јованов е автор на песната, а истата се снимаше во студиото Јованови. Оваа поинаква, интересна песна со балкански призвук со видео записот ќе ја чуете/видите вечерва. До тогаш во прилог можете да ги видите фотографиите од снимањето.



Врати се горе ↑