19 октомври, 2017

Слаткаристика го претстави видеото за новиот сингл „Money/Маани“

Популарниот хип-хоп артист Слаткаристика деновиве го промовираше видеото за новиот сингл насловен „Money/Маани“, на кој самиот се потпишува како автор на музиката и стиховите, а аранжманот го направи Иван Јованов (Ивајо).

Песната воедно е дел од саундтракот за новиот бугарски филм „Привличане“ (Привлечност), чија премиера се очекува следната година. Сцени од филмот во режија на Мартин Макариев се вклучени и во самото видео за „Money/Маани“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

22221549_1439945786040982_9099807169106227632_n



Врати се горе ↑