21 ноември, 2014

Слаткаристика го претстави видео записот за „Бумеранг“

Слаткаристика вчера на својaта фан страница на Фејсбук, премиерно го објави видео записот за неговата нова песна „Бумеранг“. Музиката и аранжманот се на Ивајо, а спотот се работеше во Софија, во ромското гето Филиповци, под продуцентската палка на „Фејсинг д сан (Facing The Sun)“ во соработка со „Иноватива груп“.  Видеото е снимано во еден кадар, без монтажа. Со ова Слаткаристика е првиот интернационален артист кој влезе во мрежата на „Фејсинг д сан“, и во едицијата на таканаречените „one shot“ видеа.

Текстот на песната, кој е со поучна содржина и експлицитен во стилот на Слаткаристика, како и спотот, за еден ден веќе предизвика големо внимание и голем број на коментари на социјалните мрежи во Македонија и Бугарија. Со оваа соработка Слаткаристика и „Иноватива груп“ најавуваат многу новитети и соработки на интернационално ниво.

Слаткаристика досега одржа неколку концерти во Р. Бугарија, а во моментов се подготвува за настапите коишто се закажани за месец декември. Исто така, тој е специјален гостин на концертот на Тајзи, закажан за 29.11.2014 (сабота) во Универзалната сала.



Врати се горе ↑