25 јуни, 2013

Слаткаристика го претстави „Добро да е!“

Вчера вечер, Слаткаристика го промовираше својот нов видео запис за песната „Добро да е”. На поинаков начин, во опуштена атмосфера со друштво и пиво, Слаткаристика ги покани сите што го очекуваа овој спот да му се придружат на муабет преку линк и заедно во живо да го погледнат новиот спот „Добро да е”. Еден час пред ТВ промоцијата, Слаткаристика муабетеше, се забавуваше и одговараше на сите прашања од оние што го следат, за потоа заедно да го изгледаат новото видео и на неговиот Јутјуб канал. На крај, пивата горе и сите си посакаа – За “Добро да е!”.

Видеото е позитивен микс од локации и ликови кои во 4 минутна визуелна порака ја реализираше тимот на Томато продукција, а на огромоно задоволство на Слаткаристика во соработка со Ивајо, оваа порака од вчера се слуша и по радио станиците.

Слаткаристика Ве кани на неговата официјална Фејсбук фан страница каде преку веќе изработена апликација лично Ви посакува „Добро да е”, а ние исто така Ве оставаме во добро со неговиот нов видео запис. Уживајте!



Врати се горе ↑