31 мај, 2017

Слаткаристика е „Терориста“

Слаткаристика го објави својот нов сингл насловен „Терориста“, кој денеска беше претставен заедно со видео запис на официјалниот канал на продукцијата „Фејсинг д сан“ (Facing The Sun) на Јутјуб. Секако дека станува збор за уште еден хит на популарниот хип-хоп артист, кој самиот се потпишува како автор на стиховите, а музиката им е заедничка со колегата Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижи и за аранжманот. Видеото, пак, се снимаше во „Станица 26“, под режисерската палка на Огнен Шапковски.

18620451_1318683688167193_4602599673719325147_n

Со заразниот регетон ритам „Терориста“ дефинитивно ќе биде еден од најголемите хитови ова лето, особено во рамките на големата летна турнеја „Една љубов“, кога Слаткаристика ќе ја дели сцената со македонски и бугарски колеги во 8 градови од двете земји. Како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑