Свет adele-oscar-2013

26 февруари, 2013

„Skyfall“ наградена и со Оскар

Темата од истоимениот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, „Skyfall“ на почетокот на годинава ја доби наградата Златен Глобус во категоријата Најдобра оригинална песна, а во истата категорија пред неколку дена ја доби и најпрестижната филмска награда Оскар, а беше прогласена и за Најдобар британски сингл на Британските музички награди. Пејачката која заедно со композиторот Пол Епворт се потпишува како автор и изведувач на оваа песна е секако младата британска пејачка Адел. Таа се расплака кога ја прими наградата заедно со Епворт, непосредно откако ја изведе песната на сцената во Долби театарот во Лос Анџелес, каде што традиционално се одржува оваа манифестација.

Ова е само уште една од многуте награди кои Адел (24) ги доби во период од неполни две години. Минатата година таа собра дури шест Греми награди, а годинава додаде уште еден „грамофон“ во нејзината колекција. Во продолжение уживајте во одличниот настап на Адел на Оскарите.

 

 



Врати се горе ↑