Свет skyfall-adele-banner

12 декември, 2012

„Skyfall“ на Адел е фаворит за Оскар

Песната „Skyfall“ која за најновиот филм за тајниот агент 007  ја отпеа британската пејачка Адел е најголем фаворит за Оскар во категоријата најдобра песна. Од вкупно 75 изведувачи кои добија номинации, само 5 од нив ќе се најдат во потесната трка за златната статуетка. Покрај Адел, фаворити се и „Baddest Man Alive“ на Блек Кис од филмот „The Man With The Iron Fists“ и „Dull Tool“ на Фиона Епл од претстојната комедија „It’s a 40“. 

На оваа листа се најде и „Breath Of Life“ на Флоренс + д Машин која  дел од холивудскиот блокбастер „Snow White Аnd Тhe Huntsman“.

Меѓу номинираните се и „Wide Awake“ на Кејти Пери од нејзиниот автобиографски филм „Part Of Me“ и „Everybody Needs a Best Friend“ на Нора Џонс од филмот „Ted“.

Но, и покрај сите номинирани, сепак најголем фаворит е синглот на Адел. Британската пејачка од вкупно 18 номинации, освои 12 награди на доделувањето на Билбордовите награди во мај годинава.

 



Врати се горе ↑