Свет article_big_1357407865Adele2

10 јануари, 2013

„Skyfall“ на Адел доби номинација за Оскар

Актуелниот хит за истоимениот филм за тајниот агент 007, нумерата „Skyfall“  во изведба на Адел и официјално е номинирана за Оскар во категоријата Најдобра оригинална песна. Во истата категорија номинирани се и нумерите „Everybody Need a Best Friend“ од филмот „Ted“, „Before My Time“ од  „Chasing Ice“, „Pi’s Lullaby“  од „Life of Pi“ и „Suddenly“ од  „Les Misérables“.

Оваа номинација е само уште еден во низата успеси кои ги постигна младата британска пејачка чиј албум „21“ ги собори сите рекорди во продажба во Европа, а веќе втора година по ред е најпродаван албум во Америка, на кој се најдоа хитовите „Someone Like You“, „Rolling in the Deep“ и други.

Иако се најавуваше дека настапот на Оскарите ќе биде нејзин прв настап по породувањето, сепак денеска е потврдена веста дека Адел ќе настапи на доделувањето на Златниот глобус, каде што „Skyfall“ е исто така номинирана за најдобра песна. Оваа манифестација ќе се случи во недела, на 13-ти јануари.

 



Врати се горе ↑