„Скршено огледало“ е новата песна на Дарио
По летниот хит „Весела песна“, Дарио деновиве ја претстави и својата нова песна. Станува збор за баладата насловена „Скршено огледало“, чија музика и текст ги потпишува самиот Дарио, додека аранжманот го направи Кристијан Габроски. По подолгата пауза од музичката сцена, ова е четврта песна за познатиот музичар, па се надеваме дека наскоро сето тоа ќе биде спакувано во албум. Како звучи новата песна можете да слушнете во продолжение.