Аудио ace mice

27 јануари, 2015

„Скреч“ со диџеј Аце Мице

„Скречот“ е техника којашто се обидуваат да ја совладаат сите диџеи ширум светот, а секако дека им е добро позната и на македонските диџеи. Популарниот битолски диџеј Аце Мице, кој веќе долго време е задолжен за најдобрите хип-хоп забави ширум Македонија, сè повеќе ја усовршува оваа техника, притоа користејќи го софтверот „Скреч лајв“ (Scratch Live), креиран од новозелaндската компанија „Серато аудио рисрч“ (Serato Audio Research).

Актуелниот број 1 хит „Uptown Funk“ од Марк Ронсон и Бруно Марс, легендарната „Billie Jean“ од Мајкл Џексон, како и омилениот рефрен на сите диџеи Last night the deejay saved my life, се само дел од интесниот скреч-микс кој ќе го слушнете во продолжение. Уживајте!

И.Ј.

 

 



Врати се горе ↑