5 декември, 2015

Скопското хип-хоп дуо „Ексцес“ го објави својот прв видео запис

„Ексцес“ е ново име на македонската хип-хоп сцена, а во дуото оформено во 2015 година членуваат Андреј Трајковски – Тракер и Јовица Трајковски – Јоцифер. Инспирирани од брзиот и модерен „бенгер“ хип-хоп и англиските звуци што го окупираат светот, момците неодамна го објавија својот прв сингл насловен „Момент“, кој доби и свој видео запис во реализација на Гордан Божиновски и Владислав Гавриловски (камера).

Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑