Македонија vizija

8 јануари, 2015

Скопскиот состав „Визија“ меѓу најдобрите бендови во светот

Македонскиот бенд Визија се најде на седмото место од најдобрите 10 во целиот свет, на листата од британската музичка страна „Имрџинг инди бендс“ (Emerging Indie Bands), кој креираше листа на 90 најдобри бендови од сите делови на светот за 2014 година.

Според критиката на оваа веб страна, „Визија“ беше прогласена за група на месец февруари 2014 година. Нивната песна „Гласот на мојата душа“ за американското радио „Даблју-ем-би-ар“ (WMBR), во емисијата „Пајплајн“ (Pipeline), беше една од најдобрите за 2013 година.

 

Бендот „Визија“ е оформен во 2011 година и создава алтернативен експериментален рок, а досега учествувала и настапувала на разни музички натпревари и манифестации ширум Балканот, како што се бањалучкиот „Јелен демофест“, белградскиот „Миксер“ и други. Членови на бендот се Марко Гапо, Лилјана Јанкова, Синиша Ѓорѓевиќ и Марко Џамбазоски, кој неодамна беше прогласен за најдобар гитарист на јубилејното 30. издание на „Рок фест“.

 



Врати се горе ↑