Концерт

26 јули, 2019

Скопскиот состав „Шорт-фјуз хироу“ предгрупа на „Соулфлај“ во МКЦ

Хардкор-метал бендот од Скопје „Шорт-фјуз хироу“ (Short Fuse Hero) ќе настапи како предгрупа на концертот на бразилско-американската метал-четворка „Соулфлај“, што ќе се одржи на 5 август во МКЦ.

Оформени во 2014, нивниот прв настап е отворање за „Борн фром пејн“ (Холандија), „Смат“ и „Хардфејсд“ во клубот „Хавана“ во Скопје. Оттогаш имаат многубројни настапи делејќи ја сцената со бендови како: „Нести“, „Диз натс“, „Камбек кид“, „Јунајтед енд стронг“, „Блад шат даун“ и многу други.

 

Нивниот албум „Back to Basics“ излезе во декември 2016, по што следуваа песните „Нарушување на Мирот“ со Димитар Савески од „Хардфејсд“ и „Inner Prison“. Пред извесно време завршија со снимање на новото ЕП, а додека го очекуваме неговото објавување, ги слушаме во живо на 5 август во МКЦ со настап пред легендите „Соулфлај“!

„Шорт-фјуз хироу“ се: Марин Миленкоски, Дино Мојсиловиќ, Филип Мирчевски и Петар Серафимов.

Хардкор-метал бендот од Скопје Short Fuse Hero ќе настапи како предгрупа на Soulfly во Скопје • Таксират #21! 📢…

Gepostet von Taksirat Festival am Freitag, 26. Juli 2019



Врати се горе ↑