Концерт koncert-bebek

11 февруари, 2016

Скопскиот концерт на Жељко Бебек одложен за наесен

Скопскиот концерт на Жељко Бебек со симфониски и тамбурашки оркестар ќе биде одложен за наесен, соопштија од „Авалон продукција“.

„Причината за одложување на концертот којшто требаше да се одржи на 5 март во арената ’Борис Трајковски’ е австралиската турнеја на пејачот. Тој добил понуда да остане подолго во Австралија уште две недели, а ’Авалон продукција’ поради набиената концертна агенда го прифати тој предлог и смета дека подобро време за одржување на овој концерт е крајот на октомври или почетокот на ноември. 

’Авалон продукција’ им се извинува на сите кои купиле влезници за концертот на Жељко Бебек. Сите што купиле билети ќе можат да си ги повратат парите на продажните места од каде што ги купиле влезниците“, пишува во соопштението на продукцијата.

 



Врати се горе ↑