Концерт

7 февруари, 2018

Скопскиот брас-квинтет закажа и трет концерт за „Битлси“ и „Квин“

Заради огромниот интерес за концертот на Скопскиот брас-квинтет, во чии рамки музичарите изведуваат песни од легендарните „Битлси“ и „Квин“, освен денешниот и утрешниот, закажан е и трет концерт за в петок, 9 февруари, соопштија од Македонската филхармонија.

Квинтетот е во состав: Александар Илијевски и Вилијам Бараковски – труби, Благоја Василевски – хорна, Никола Ристевски – тромбон и Александар Ниниќ – туба, а на програмата се популарните: „Bohemian Rhapsody“, „Imagine“, „Hey Jude“, „I Want to Hold Your Hand“, „Yesterday“, „She Loves You“, „Somebody To Love“, „Help“



Врати се горе ↑