Македонија

6 јули, 2017

Скопскиот бенд „Визија“ утревечер на „Егзит 2017“

Како што Ви пренесовме неодамна, скопскиот алтернативен рок бенд „Визија“ е единствената група од Македонија што ќе настапи на годинешното издание на популарниот фестивал „Егзит“, кој започна вчера со концерт на легендарните „Килерс“.

Освен главната сцена, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад се поставени и бројни бини посветени на повеќе музички жанрови, а скопската четворка ќе настапи на бината „Фјужн“ утревечер, 7 јули. На истата сцена ќе настапат и имиња како што се „Забрањено пушење“, „Елементал“, „Ортодокс Селтс“ и многу други.

Приказната на „Визија“ започна во 2011 година и на нејзините страници се испишани бројни учества на фестивали во регионот, сместени се на неколку листи за најдобри бендови во светот од страна на британски и американски медиуми, а минатата година стигна и првиот албум насловен „Гласно“, што веруваме дека е само вовед во она што допрва следува.

И.Ј.



Врати се горе ↑