За Вас

4 февруари, 2019

Скопската зоолошка добива мини-зоолошка за најмладите

Зоолошката градина во Скопје добива мини-зоолошка градина за најмладите. По теркот на европските и светските и во скопската зоолошка ќе се отвори „Бејби Зоо“. Тоа е заградена мини-зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на Зоо-негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.

Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.



Врати се горе ↑