Настани Скопје Се Ð-оÑ-и Ñ-лави роденден!

8 мај, 2015

„Скопје се носи“ со прва роденденска прослава под нивото на градот

Овој викенд, Скопје е роденденски расположено. Под градското ниво, во клубот -1, „Скопје се носи“ ќе го прослави својот прв роденден. Среќната „годинка”, како што велат, мина навистина брзо – исполнета со многу стилски скопски приказни, авангардна естетика и љубов кон луѓето кои со својот стил зрачат по улиците на главниот град. А сето тоа вреди да се прослави!

Роденденската журка, која ќе биде од отворен тип, е закажана за сабота (8 мај), со почеток од 22.00 часот. До утринските часови, зад музичкиот пулт ќе стојат диџеј Пука (DJ Puk’kah) и Флудер (Flooder).

Скопје се носи“ e првото место каде се претставуваат скопските стилски приказни и нивната естетика. На страната можат да се пронајдат различни интересни содржини, кои го прават овој виртуелен простор навистина  уникатен. Проектот исполнет со ентузијазам и желба за презентација на уникатните „стилски парчиња” од главниот град, една година подоцна, е едно од главните онлајн собиралишта на скопјани.



Врати се горе ↑