Настани Block

15 април, 2015

Скопје побогато за уште едно диско по светски стандарди (видео)

Овој викенд Скопје ќе добие уште едно место за забава во вечерните часови. Ноќниот клуб „Блок“ ќе биде отворен на 18 април (сабота), а од менаџментот ветуваат различна програма 4 дена неделно. На отварањето во соработка со „091 Encore Nights“ се очекува настап на најдобрите македонски хип-хоп диџеи и продуценти:
диџеј Давор aka One
диџеј Иван Пси
диџејСкит Скитара

Покрај диџеите најавена е уште една хип хоп сензација која до отварањето ќе биде изненадување. Клубот има капацитет од 800 гости, направен е според светски стандарди, а со македонски цени. Присутните гости во клубот ќе можат да уживаат во голем број бенефиции и изненадувања, тематски забави како и пијалоци по промотивни цени. Саботата ќе биде резервирана за хип-хоп, четвртокот за мини концерти на големи ѕвезди, средата за студентите на 50 % попуст, а петокот за познати диџејски имиња од електронската сцена. Веќе се најавени неколку одлични забави во наредниот период, забави какви што Скопје имало некогаш, какви што оние кои се постари паметат дека се случувале во Т.Ц. „Мавровка“. 

 

„Т.Ц. ’Мавровка’ некогаш беше епицентарот на сите урбани случувања и журки во Скопје. Овие години трговскиот како да се подзаборави. Тоа што Старата скопска чаршија повторно е преполна со народ не охрабри да го започнеме овој проект „преку мостот“ и да се обидеме да ги вратиме луѓето во овој дел од градот. Се погриживме до најмал детал ’Блок’ да ги исполнува светските стандарди, а сепак да биде достапен за сите, односно секој да може да си дозволи да ужива во ноќниот живот без никакви стеги. Ги покануваме сите љубители на ноќните излегувања да дојдат на отварањето на 18 април и да се уверат во квалитетите кои ги поседува нашиот клуб“, велат од менаџментот.

Повеќе информации за клубот може да се најдат на Фејсбук.



Врати се горе ↑