Настани sg-pvd

26 јуни, 2015

„Скопје гори“ со Пол Ван Дајк се сели на стадионот АРМ во Градски парк!

Годинешното издание на фетивалот „Скопје гори 2015“, каде оваа година главна ѕвезда ќе биде еден од најголемите диџеи на сите времиња – Пол Ван Дајк (PAUL VAN DYK), ќе се одржи на стадионот АРМ во Градскиот парк во Скопје, јавуваат од „Авалон продукција“.

„Бидејќи сепак се работи за електронски настан, како и поради самата должина на целиот фестивал, одлучивме овогодинешниот СКОПЈЕ ГОРИ ФЕСТИВАЛ да ја промени својата традиционална локација Скопско кале и да се пресели во Градскиот парк, на стадионот АРМ. Како што знаете, на фестивалот ’Скопје гори’ досега настапиле едни од најголемите музички имиња како „Масив атак“, Били Ајдол, „Хртс“, „Орбитал“, „Паблик енеми“… а оваа година на звучната листа на светски изведувачи ќе се запише и Пол Ван Дајк, кој во рамките на својата светска турнеја го промовира својот нов албум, кој е продолжение на неговото најуспешно издание ’The Politics Of Dancing 3’“, пишува во соопштението на „Авалон“.

Влезниците по цена од 600,oo денари се веќе во продажба и можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com, додека на врата цената на влезниците ќе биде 800 денари. Фестивалот „Скопје гори 2015“ е закажан за 16 јули во Градски парк, стадион АРМ, на отворено!



Врати се горе ↑