Настани skopje gori 2013

18 октомври, 2013

„Скопје Гори 2013“ во новата концертна сала во Скопје!

На 25-ти октомври, односно следниот петок ќе се одржи фестивалот „Скопје Гори 2013 – Made In Macedonia Edition“, а како што информираат од Авалон продукција, настанот ќе се одвива во новата концертна сала Експо Центар-Скопје, која се наоѓа на местото на дискотеката „Колосеум“ – железничка станица. Новата сала со целосно реновирање ќе биде прилагодена за одржување на концерти во најдобри можни услови и е опремена со комплетна најсовремена аудио и видео опрема, задоволувајќи ги сите услови за одржување на квалитетен концерт.

„Скопје Гори 2013“ ќе започне во 21 часот, а имињата на изведувачите кои ќе се погрижат за одличната забава се: Ласт Експедишн, Ареа, Нокаут, Стил Темпл и Ај Кју. Најважно од сè e тоа што ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!

 



Врати се горе ↑