„Скопје челинџ“ збогатен со одлична музичка програма
Вториот по ред организиран натпревар во екстремни спортови, „Скопје челинџ“, кој годинава ќе се оджи на 25, 26 и 27 август, покрај натпреварите ќе биде збогатен и со музички настапи на повеќе македонски рап артисти и диџеи. Со почеток од 22.00 часот, па сè до 02.00 часот по завршување на натпреварите на овогодинешниот „Скопје челинџ“ во скејт паркот рокаат:
На 25.08 (вторник):
Дејвид Блек (Гласот на Улицата), „Пулс екипа“, Тракер (SKC) Хајпер (Гласот на Улицата), Штрк От (Гласот на Улицата) + специјални гости. За музиката задолжен е диџеј Биос (DJ BIOS).
На 26.08 (среда), ќе настапуваат :
„Рап позитив“, Лириковен пироман, Шинтер (ЛА ФАМИЛИЈА), додека за музиката задолжен е диџеј Димитри Јеја (DJ DIMITRI YE YA).
На 27.08 (четврток), општо народно потење на микрофонот – OPEN MICK, БОРБА НА МИКРОФОНИ (FREESTYLE BATTLE), за потоа забавата да продолжи со диџеј сетови на Тино Костадиновски (познат актер со диџејски афинитети) и Глодарагз, млад но веќе доста атрактивен диџеј, дел од „TRAP D F*CK AP“ екипата.
Настанот е под покровителство на Град Скопје во соработка со „Грајнд хаус“ (Grind House) Асоцијација за екстремни спортови во Македонија.