19 октомври, 2015

Скопјаните „Колт“ го најавуваат вториот албум со „Chess“

Скопскиот рок состав „Колт“ деновиве го претстави својот нов сингл и видео запис за песната „Chess“, со која го најавуваат вториот студиски албум „Solipse“. Екранизацијата на песната е во режија на Тамара Котевска, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

Инаку, „Колт“ (KOLT) е рок бенд од Скопје, оформен во јануари 2014 година од страна на Томи Апостолов (гитара) и Никола Велевски – Ник (бас). Бендот е именуван по познатиот американски индустријалист Семјуел Колт. Во наредните пет месеци Томи и Ник работат на создавање на авторски материјал, паралелно барајќи вокал и тапанар. Во јуни 2014 стапуваат во контакт со Златко Петровски (вокал), кој веднаш започнува да склопува текстови за создадените песни. Истиот месец на бендот му се придружува и Дејан Которчевиќ – Котор (тапани). Од јуни до септември „Колт“ осмислуваат коцепт за албум, кој го насловуваат „Еквилибриум“ и на кој се сметени 11 песни. Нивниот прв настап беше во ноември 2014 година на „Лузер фест“, по една недела настапија и на 30. издание на „Рок фест“ во Младинскиот Културен центар, а летово имаа заеднички концерт со скопјаните „Визија“ и австриското трио „Фи“.

Вториот студиски албум „Solipse“ ќе доживее и концертна промоција, која е закажана за 6 ноември во кафулето „Браво“ во Скопје.



Врати се горе ↑