22 септември, 2014

Скипи сними видео запис за неговиот „Скинат џеб“

Летниот хит кој Скипи го претстави во јули годинава, песната насловена „Скинат џеб“ деновиве доби и свое видео издание. За режијата, снимањето и монтажата се погрижи Марко Ацковски (Маро), а во видео записот покрај Скипи се појавуваат и две атрактивни девојки.

„Скинат џеб“ е продукција на „Skipi Beat Production“. Горјан Јовановски – Скипи се погрижи за музиката и  за аражманот, додека текстот е напишан во соработка со момците од „Мега“, Марко &  Пато. Придружни вокали во песната се Бубе Најдановска и Филип Божиновски.



Врати се горе ↑