Аудио skipi-skinat-dzeb

9 јули, 2014

Скипи се шета со „Скинат џеб“

„Скинат џеб“ е насловот на новата песна која вчера ја објави Горјан Јовановски – Скипи. Со летен ритам и заразен рефрен, новата песна е потпишана од самиот Скипи (музика и аранжман), а за текстот му помогнаа момците од дуото Мега, Марко и Пато, со кои соработуваше и за песната „Мојата цурица“, објавена во март годинава, додека придружните вокали се на Бубе Најдановска и Филип Божиновски. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑