12 јули, 2013

Скипи продолжува сам и се врти во „Круг“

Не се вртете во круг, летово имаме нов хит! По кратка пауза Скипи е повторно на музичката сцена со неговиот нов сингл „Круг“. Песната е одличен камбек на младиот автор, за кој по распадот на дуото Скипи и Тајзи, ова е прв соло проект. Темата која е авторско дело на Скипи е снимена во студиото Скипи Бит (Skipi Beat Production), за текстот му помогнаа момците од „МЕГА“ (Маро и Пато), како и прекрасната Нина Јанева, која ги отпеа и придружните вокали.

Очигледно е дека Скипи ги следи светските музички трендови, па така и „Кругот“ доаѓа во сè попопуларниот формат на текстуален видео запис. Како звучи новиот летен хит можете да слушнете горе.



Врати се горе ↑