22 октомври, 2012

Скиф е новиот Еминем

Уште еден бел рапер се пробива на светската музичка сцена. Поранешниот член на триото Рефјуџис, продуцентот Вајклиф Жан го помага раперот Скиф во подготовките на неговите материјали. На неговиот твитер профил, промовирајќи ги неговите синглови, Жан го нарече Скиф новиот Еминем. За синглот „Lions Den” е снимен и видео запис кој деновиве беше поставен на интернет, во продолжение погледнете го и заклучете сами дали Слим Шејди конечно има конкуренција.



Врати се горе ↑