Балкан lb-td

7 јули, 2014

Скандал на Сплитскиот фестивал: Хрватска пејачка со плагијат на песна од Тијана Дапчевиќ

Хрватската пејачка Лидија Бачиќ е дисквалификувана од актуелниот Сплитски фестивал под обвинение дека песната со која настапува, „Криви човјек“, е всушност плагијат на песната „Погрешан човек“ која Тијана Дапчевиќ ја отпеа пред пет години, пишува српски Курир. Имено, на овогодишното издание на Сплитскиот фестивал, песната на Лидија се нашла меѓу најдобрите 26, а со оглед на тоа што на фестивалот сите композиции мора да бидат изведени за прв пат, темата била дисквалификувана.

„Песната не е плагијат. Миро Буљан ми ја понуди таа песна бидејќи сметаше дека јас би можела да ја отпеам најдобро. Не бил задоволен од изведбата на Тијана Дапчевиќ“, изјавила Бачиќ (28), додавајќи дека авторот има право да продаде песна само еднаш во секоја држава и дека нејзината песна не може да се спореди со изведбата на Тијана.

Во продолжение преслушајте ги двете верзии.

 



Врати се горе ↑