Концерт 11024734_401682813332331_4267307052542875736_n

10 март, 2015

„Скајрајз“ со концертна промоција на албумот „To Unknown“

Тетовците Скајрајз“ (Skyrise) Ве канат на концертна промоција на својот деби албум, која ќе одржи на 3 април во Младинскиот Културен Центар во Скопје. На првиот самостоен концерт, младиот состав ќе го претстави материјалот од своето првенче „To Unknown“, кое минатата година беше издадено за „Пасворд продукција“. Жанрот на песните што се најдоа на првенчето на бендот од Тетово може да се дефинира како алтернативен и уметнички рок, којшто излегува од локалните и регионалните квалитетни стандарди и претендира да звучи светски, како естетски така и продукциски.

Материјалот којшто се најде на „To Unknown“, иако издржан, ја задржува својата скромност и како и во самиот наслов, се препушта на непознатото и на непредвидливо патување на душата на музиката. Песните, сосема невино и природно се движат меѓу различни расположенија и се прилагодуваат на слушателот. Сите девет песни од албумот, кој беше снимен во студијата „Супернова“ и „МариФет“ од Гоце Симоновски и Ивица Јанкуловски, се потпишани и продуцирани од бендот.

„Скајрајз“ лани настапија како предгрупа на Канаѓаните „Хиден камерас (Hidden Cameras), концерт кој беше дел од промотивните настани за 16. издание на фестивалот Таксират.

„Скајрајз“ се: Благоја Евковски (вокал, гитара, синтисајзер), Бојан Рафајловски (гитара), Дејан Дојевски (бас) и Бојан Евковски на тапани.

 Насловна фотографија: Јовица Рафајловски



Врати се горе ↑