Свет

8 јануари, 2018

Сите во црно на 75. доделување на златните глобуси

„Добровечер дами и она што остана од господата“, вака водителот Сет Мајерс ги поздрави присутните на вчерашното јубилејно, 75. по ред доделување на златните глобуси, кое помина во знакот на кампањата против сексуалното насилство врз жените. Во знак на солидарност, популарните холивудски актерки продефилираа на црвениот килим и во хотелот „Беверли Хилтон“ обелечни во црно, нагласувајќи ја важноста на овој проблем и споделувајќи лични искуства во разговорите со новинарите, но и во поздравните говори кога ги примаа или доделуваа наградите.

Особено громогласен аплауз доби годинашната добитничка на награда за животно дело „Сесил Б. Демил“, легендарната Опра Винфри, која воедно е и првата Афроамериканка што го добила ова признание.

„Сите ние овде сме прославени заради приказните што ги раскажуваме, но годинава ние бевме приказната. Сепак, не станува збор за приказна што се однесува само на забавната индустрија. Станува збор за приказна што се однесува на секоја култура, географски регион, религија и работна средина. Затоа вечерва би сакала да изразам благодарност на сите жени кои со години трпеле злоупотреба бидејќи, како и мојата мајка, имале деца да нахранат, сметки да платат и соништа да исполнат“, рече 63-годишната икона, која и самата била жртва на сексуално насилство уште како дете.

 

Злоупотребата беше една од главните теми и во најнаградуваната телевизиска серија на ова доделување, „Големи мали лаги“, која беше номинирана во шест, а победи во 4 категории, вклучувајќи ја наградата за најдобра мини-серија или филм за телевизија, додека по две награди освоија „Приказната на слугинката“ и „Чудесната г-ѓа Мејзел“.

Од филмските категории, пак, иако предводеше со 7 номинации, само 2 награди освои „Формата на водата“, а од вкупно шесте номинации, со четири освоени статуетки триумфираше „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, вклучувајќи ја и наградата за најдобра драма. Две награди освои и „Лејди брд“, кој беше прогласен за најдобар мјузикл/комедија, со Срша Ронан како најдобра актерка во мјузикл/комедија.

За најдобар анимиран филм беше прогласен Дизниевиот „Коко“, најдобра музика за филм има „Формата на водата“ од композиторот Александар Десплат, а најдобра оригинална песна е „This Is Me“ од филмот „Најголемиот шоумен“, инспириран од приказната за „Циркузот на Барнум и Бејли“, кој после 146 години работа беше затворен во мај минатата година.

 

Како и секогаш, златните глобуси се сметаат за предвесници на Оскарите, па дали истите остварувања ќе се натпреваруваат и за овие статуетки ќе дознаеме на 23 јануари, кога ќе бидат објавени номинациите за академските филмски награди, чие доделување е закажано за 4 март. Сите победници на ова јубилејно издание на златните глобуси ве очекува во продолжение.

ФИЛМСКИ КАТЕГОРИИ

Најдобар филм – драма
Најдобар филм – мјузикл или комедија
Најдобра изведба на актерка во драма
  • Џесика Частејн, „Играта на Моли“ (Molly’s Game)
  • Сели Хокинс , „Формата на водата
  • Френсис Мекдорманд, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Мерил Стрип,„Тајните досиеја
  • Мишел Вилијамс, „Сите пари на светот“ (All the Money in the World)
Најдобра изведба на актер во драма
  • Тимоте Шаламе, „Викни ме со твоето име“ 
  • Даниел Деј-Луис, „Фантомски конец“ (Phantom Thread)
  • Том Хенкс, „Тајните досиеја
  • Гери Олдман, „Најмрачниот час“ (Darkest Hour) – ПОБЕДНИК
  • Дензел Вашингтон, „Роман Џ. Израел, адвокат“ (Roman J. Israel, Esq.)
Најдобра актерка во мјузикл или комедија
  • Џуди Денч, „Викторија и Абдул“ (Victoria & Abdul)
  • Марго Роби, „Јас, Тонја“
  • Срша Ронан, „Лејди Брд“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Ема Стоун, „Битка на половите“ (Battle of the Sexes)
  • Хелен Мирен, „Трагач по слободно време“ (The Leisure Seeker)
Најдобра изведба на актер во мјузикл или комедија
  • Стив Карел, „Битка на половите“
  • Ансел Елгорт, „Возачот Бејби“ (Baby Driver)
  • Џејмс Франко, „Катастрофалниот уметник“ – ПОБЕДНИК
  • Хју Џекмен, „Најголемиот шоумен
  • Даниел Калууја, „Излегувај“
Најдобра споредна улога на актерка во драма
  • Мери Џеј Блајџ, „Мадбаунд“ (Mudbound)
  • Хонг Чау, „Смалување“ (Downsizing)
  • Алисон Џени, „Јас, Тонја“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Лори Меткалф, „Лејди Брд“
  • Октавија Спенсер, „Формата на водата“
Најдобра споредна улога на актер во драма
  • Вилем Дафо, „Проектот Флорида“ (The Florida Project)
  • Арми Хамер, „Викни ме со твоето име“ 
  • Ричард Џенкинс, „Формата на водата“
  • Кристофер Пламер, „Сите пари на светот“
  • Сем Роквел, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ – ПОБЕДНИК
Најдобра режија
  • Гијермо дел Торо, „Формата на водата“ – ПОБЕДНИК
  • Мартин МекДона, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“
  • Кристофер Нолан, „Данкирк“
  • Ридли Скот, „Сите пари на светот“
  • Стивен Спилберг, „Тајните досиеја“
Најдобро сценарио
  • „Формата на водата“, Гијермо дел Торо и Ванеса Тејлор
  • „Лејди Брд“, Грета Гервиг
  • „Тајните досиеја“, Лиз Хана и Џош Сингер
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“, Мартин МекДона – ПОБЕДНИК
  • „Играта на Моли“, Арон Соркин
Најдобра оригинална музика во филм
  • Картер Бурвел, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“
  • Александар Десплат, „Формата на водата“ – ПОБЕДНИК
  • Џони Гринвуд, „Фантомски конец“
  • Џон Вилијамс, „Тајните досиеја
  • Ханс Цимер, „Данкирк“
Најдобра оригинална песна
  • Home“, Ник Џонас, Џастин Трантер и Ник Монсон / изведба: Ник Џонас (Фердинанд)
  • Mighty River“, Мери Џеј Блајџ, Рафаел Садик и Тора Џонсон / изведба: Мери Џеј Блајџ (Мадбаунд)
  • Remember Me“, Кристин Андерсон Лопез и Роберт Лопез / изведба: Мигел и Наталија Лафуркејд (Коко)
  • The Star“, Мараја Кери и Марк Шајман / изведба: Мараја Кери (Ѕвездата)
  • This Is Me“, Бенџ Пасек и Џастин Пол / изведба: Кеала Сетл (Најголемиот шоумен) – ПОБЕДНИК
Најдобар филм на странски јазик
  • „Фантастична жена“ (A Fantastic Woman), Чиле
  • „Прво го убија татко ми“ (First They Killed My Father), Камбоџа
  • „Од ништо“ (In the Fade), Германија/Франција – ПОБЕДНИК
  • „Нељубов“ (Loveless), Русија
  • „Квадрат“ (The Square), Шведска/Германија/Франција
Најдобар анимиран филм

ТЕЛЕВИЗИСКИ КАТЕГОРИИ

Најдобра серија – драма
Најдобра изведба на актерка во серија – драма
  • Катрина Балф, „Од друго време“ (Outlander)
  • Клер Фој, „Круна“
  • Меги Гиленхал, „Двојка“ (The Deuce)
  • Кетрин Ленгфорд, „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)
  • Елизабет Мос, „Приказна на слугинката“ – ПОБЕДНИЧКА
Најдобра изведба на актер во серија – драма
  • Стерлинг К. Браун, „Ова сме ние“ – ПОБЕДНИК
  • Фреди Хајмор, „Добриот доктор“ (The Good Doctor)
  • Боб Оденкирк, „Подобро јави му на Саул“ (Better Call Saul)
  • Лиев Шрајбер, „Реј Донован“ (Ray Donovan)
  • Џејсон Бејтмен, „Озарк“ (Ozark)
Најдобра серија – мјузикл или комедија
Најдобра изведба на актер во серија – мјузикл или комедија
  • Ентони Андерсон, „Црнечко“
  • Азис Ансари, „Господар на ништо“ (Master of None) – ПОБЕДНИК
  • Кевин Бејкон, „Го сакам Дик“
  • Вилијам Х. Мејси, „Бесрамни“ (Shameless)
  • Ерик Мекормак, „Вил и Грејс“
Најдобра изведба на актерка во серија – мјузикл или комедија
  • Памела Адлон, „Подобри нешта“ (Better Things)
  • Алисон Бри, „Боречки дами“ (GLOW – Gorgeous Ladies Of Wrestling)
  • Иса Реј, „Несигурна“ (Insecure)
  • Рејчел Броснахан, „Чудесната г-ѓа Мејзел“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Френки Шо, „Смилф“
Најдобра мини-серија или филм за телевизија
Најдобра изведба на актер во мини-серија или филм за телевизија
  • Роберт Дениро, „Волшебникот на лагите“ (The Wizard of Lies)
  • Џуд Ло, „Младиот папа“ (The Young Pope)
  • Кајл Меклаклен, „Твин пикс“ (Twin Peaks)
  • Јуан МекГрегор, „Фарго“ – ПОБЕДНИК
  • Џефри Раш, „Гениј“ (Genius)
Најдобра изведба на актерка во мини-серија или филм за телевизија
  • Џесика Биел, „Грешница“
  • Никол Кидман, „Големи мали лаги“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Џесика Ланг, „Кавга: Бети и Џоан“
  • Сузан Сарандон, „Кавга: Бети и Џоан
  • Рис Витерспун, „Големи мали лаги“
Најдобра изведба на актер во споредна улога во серија, мини-серија или филм за телевизија
  • Алфред Молина, „Кавга: Бети и Џоан“
  • Александар Скарсгард, „Големи мали лаги“ – ПОБЕДНИК
  • Дејвид Тулис, „Фарго“
  • Дејвид Харбор, „Почудни нешта“
  • Кристијан Слејтер, „Господин Робот“ (Mr. Robot)
Најдобра изведба на актерка во споредна улога во серија, мини-серија или филм за телевизија
  • Лора Дерн, „Големи мали лаги“ – ПОБЕДНИЧКА
  • Ен Дауд, „Приказна на слугинката“
  • Криси Мец, „Ова сме ние“
  • Мишел Фајфер, „Волшебникот на лагите“
  • Шeјлин Вудли, „Големи мали лаги“

И.Ј. / Насловна фотографија: Форбс



Врати се горе ↑