Настани 19510447_1583376198359291_6562205330209728443_n

13 јули, 2017

Сите патишта водат кон Прилеп, започнува „Пивофест 2017“

Разни видови на пиво, добра скара и одлична музика- од денеска, па се до недела сите патишта водат кон Прилеп. Под мотото „Едноставно најдобри“, вечерва започнува најголемата забава во Македонија и пошироко, 15. по ред „Пивофест“. Организаторите на денешната прес-конференција во Прилеп изјавија дека сè е подготвено и очекуваат уште поголема посетеност и од лани.

Како и досега, така и оваа година, ќе настапат мегапопуларни имиња. Вечерта ќе ја отворат „Ај кју“, а веднаш по нив ќе настапат „Психомодо поп“.

Фронтменот на оваа хрватска група, Давор Гобац, најави дека со гордост повторно по 10 години доаѓа во Прилеп и очекува одлична забава. „Македонците секогаш имале добар слух, така што и вечерва ќе биде одлично“, изјави тој. За крај на вечерта, бројната публика, која се очекува да дојде, ќе има можност да ги слушне и види „Амадеус бенд“ од Србија.

Градоначалникот на општината Марјан Ристески рече дека градот под Марковите кули е комплетно подготвен. „Капацитетите се преполни, градот е преполн. Скарата која секогаш оди во комбинација со ладно пиво и многу добра музика, почнува да се подготвува. Ќе има бомбастично отворање на најголемата забава во Македонија. Овие денови сите патишта водат кон Прилеп“, изјави тој.

пивофест

Во 17 часот денеска трга првиот бесплатен воз, а покарај бесплатниот воз, овие денови ќе има и бесплатно сместување за сите кампери. Следува и награда – голем плишан мајмун, за најдоброто селфи-фото, кое треба да се испрати во инбокс на Фејсбук страната на Пивофестивал.мк.

Прилеп Ве очекува. Сè што треба да понесете е добро расположение!

Извор: Курир



Врати се горе ↑