За Вас playkontrol1

10 март, 2014

Систем кој ќе ги израдува сите автори и изведувачи на музика

По повеќе од една година работа во Хрватска и уште неколку земји во светот, претставена е и регионална верзија на системот PlayKontrol, кој на авторите, изведувачите, издавачките куќи и сите други актери во музичката индстрија им овозможува во реално време да следат колку често и во кои медиуми се емитуваат нивните песни.

„PlayKontrol го решава проблемот со кој секодневно се соочени сите кои работат во музичката индустрија – авторите на песните, стиховите и музиката, изведувачите, дискографите… Овој производ им овозможува во реално време да следат каде и колку се емитуваат нивните дела и да добијат известување за тоа. Што е најдобро, кон известувањата можат да пристапат самите, секојдневно, по пат на нашиот веб сервис, така што не мора да чекаат известувањата да ги добијат од разни агенции, а имаме и архив кој опфаќа период од повеќе од година дена“ – објаснуваат основачите на овој систем.

Станува збор за систем кој е многу едноставен за употреба и кој во моментов „слуша“ неколку стотини станици од сите земји од поранешна Југославија и автоматски создава известувања, секој ден, по желба на корисникот. За користење на системот не е потребен никаков дополнителен софтвер, туку само пристап на интернет и компјутер, а сите тие упатства можат да се најдат на www.playkontrol.eu.

Искористете ја можноста која Ви ја нуди PlayKontrol и дознајте во кои градови и на кои радио станици се слушаат Вашите песни, а и колку често се емитуваат. Ова може да биде многу корисно со оглед на тоа што не знаете во кои градови сте популарни.

 



Врати се горе ↑