Аудио wirt9cN

26 октомври, 2015

„Сирилик“ со нов ремикс на „Кога сонце грее плачам”

После летниот хит, ремиксот на „Денот да е убав“ од Сара Мејс, електронското дуо „Сирилик“ (Cyrillic) повторно со нов ремикс, овој пат на Кога сонце грее плачам, песна оригинално изведена од Ламбе Алабаковски и Бубе Најдановска, на која и даваат нова димензија во нивен веќе препознатлив стил.

 

Инаку електронското дуо „Сирилик“ во својот состав ги има младите талентирани браќа Андреј Иваноски и Бојан Иваноски, почетоците ги бележи во 2014 година кога двајцата решаваат да ги здружат своите сили и искуство за да ја споделат со светот својата пасија кон електронската музика. Препознатливи се по нивниот уникатен стил на продукција и енергични сетови, со што доста цврсто и ветувачки се движат кон остварување на нивната цел (како што кажува и самото име на групата), да бидат преродбеници во ширењето на „писменоста“ во поглед на разбирањето и прифаќањето на овој вид музика на овие простори.

Доколку сакате да ја слушате нивната музика и да бидете во тек со сите настани поврзани со нив посетете ги овие линкови:
www.facebook.com/cyrillicmk
soundcloud.com/cyrillicmk
www.youtube.com/cyrillicmk
www.mixcloud.com/Cyrillic/
twitter.com/cyrillicmk



Врати се горе ↑