Аудио

5 јули, 2019

„Сирилик“ нè почестија со летен мегамикс

Летото и високите температури се веќе во полн ек, па расположението може да го подобри само убава музика, а за тоа се погрижи прилепското дуо „Сирилик“, кое штотуку го објави својот летен микс за 2019. Во шеесет минути споени се вкупно 15 нивни ремикси на хитови од други изведувачи, вклучувајќи ја и евровизиската Proud“, кој низ призмата на „Сирилик“ имавме можност да го слушнеме неодамна.

Летниот мегамикс е одлично загревање и за речиси секојдневните настапи на дуото низ земјава, меѓу кои е и прилепскиот „Пивофест 2019“, каде што ќе ја имаат честа да го затворат фестивалот, како и 4. издание на „Крушево будно“, што ќе се одржува на 26 и 27 јули. За сите датуми и локации можете да се информирате на нивната фан-страница на Фејсбук, а со летниот микс можете да уживате во продолжение!



Врати се горе ↑