12 октомври, 2017

„Сирилик“, Ивајо и Дина ги здружија силите за „Feel Like“

После одличната соработка за хитот „Во тебе се гледам“, кој доби и три официјални ремикси, прилепското дуо „Сирилик“ уште еднаш ги здружи силите со извонредната Дина Јашари, а овој пат им се придружи и колегата Иван Јованов, познат како Ивајо. Станува збор за уште еден потенцијален хит, кој го носи насловот „Feel Like“, чија музика е дело на „Сирилик“ и Ивајо, а за стиховите и мелодиската линија на пеење се одговорни Дина и Бојан Трајковски (Ај кју).

Песната, заедно со видеото што го изработи Зоран Зонде Стојановски, е објавена на официјалниот канал на Јутјуб на бугарската „Си-дип мјузик“ (CDeep Music), а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑