Настани sintezis

7 септември, 2013

Синтезис, Џајковски, Масимо Савиќ и Фрајле на Тиквешкиот гроздобер

Овогодинешното издание на Тиквешкиот гроздобер ќе се одржи од 13-15 септември, а во рамките на оваа традиционална манифестација ќе настапат домашни и регионални музички имиња. Согласно програмата, Синтезис ќе настапат како дел од вечерта посветена на Никола Бадев која ќе го одбележи првиот ден од чествувањето на гроздоберот.

Во сабота веднаш по карневалското дефиле ќе следуваат настапите на познатиот хрватски музичар Масимо Савиќ и нашиот суперстар Кирил Џајковски, за да годинашното издание на најважната стопанско културно-уметничка манифестација заврши со настапот на новосадската дружина Фрајле.



Врати се горе ↑