Македонија 6351_511359445563112_1114811248_n

20 февруари, 2013

Sinteticsax Project дебитираат со „Силна љубов“

Поаѓајќи од идејата дека е потребно музички освежување на македонската музичка сцена од диџејот Никола Ди (Nikola Dee) од популарното битолско Радио 106-ка на 20-ти февруари 2010 година го создава Sinteticsax Project. Ова е проект во кој од самиот почеток учество земаат уште Горан Проја на саксофон и Даниел од популарната битолска група Памперси, кој свири на гитара. После три години успешно опстојување на проектот, многу настапу на реномирани фестивали низ Македонија и Балканот, како и многу познати ноќни клубови, на годишнината од нивното постоење Sinteticsax Project го издаваат првиот официјален сингл кој е испеан на англиски јазик и е со вокална изведба на Ирена од групата Памперси.

Нумерата е насловена „Strong Love“, а наскоро можеме да очекуваме и видео запис. Идните планови на проектот се движат во иста насока, а тоа е создавање на нова музика, а наскоро и албум кој ќе биде наменет за странскиот, а и за македонскиот музички пазар и во кој свое место ќе најдат уште неколку реномирани имиња на пејачи од нашата држава, а и од странство. Секако тука нема да изостанат и нивните концертни настапи на музичките фестивали и нивната застапеност низ клубовите во Македонија и Балканот. Во продолжение преслушајте ја „Силната љубов“ на Sinteticsax Project.

 

 



Врати се горе ↑