Настани sinestezija

28 март, 2013

„Синестезија“ Музика и сликање во живо

На 06-ти април (сабота) во клуб Хавана, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи петтиот по ред културен настан „Синестезија“. Проект кој ги спојува сликарството и музиката во едно. Публиката ќе има можност во живо да го проследи творечкиот процес на тројца уметници од поновата генерација:

Симона Ѓоргиева
Владимир Илиевски
Гоце Илиевски

Музичкиот дел од настанот ќе биде резервиран за веќе добро познатите Летечки Пекинезери, а гости на вечерта ќе бидат Оливер Јосифовски, како и блуз бендот In the mood. Во рамките на настанот, акцент се става на изложбата на слики од претходните настани. Слики кои ќе бидат на продажба и средствата од продадените дела ќе бидат донирани во хуманитарни цели.



Врати се горе ↑