Балкан 2eee812c-0c65-43ec-885c-4fd5d171d02f

4 март, 2015

„Синестезија“ ја започна „СОС турнејата“

По објавувањето на синглот и видео записот за темата „Идемо даље“, со кој го најави својот нов албум „Снови о слободи“, белградскиот рокенрол состав Синестезија заминува на турнеја во чии рамки ќе го промовира новиот материјал. По успешниот настап во новосадскиот клуб „Лазино теле“ и земунскиот „Фест“, групата најави уште четири нови концертни датуми и тоа: на 6 март во клубот „КБ“ во Пожаревац, 14 март во Младинскиот центар во Заечар, 18 април во „Зелено звоно“ во Зрењанин и 25 април во Домот на млади во Крагуевац.

И додека „Идемо даље“ одлично котира на српските топ листи, од бендот порачуваат дека во подготовка е и видео запис за следниот сингл, како и нови датуми за концерти, па се надеваме дека ќе имаме можност да ги видиме и во Македонија. Во продолжение уживајте со видео записот за актуелниот сингл „Идемо даље“.

 



Врати се горе ↑