Аудио sindi

17 април, 2014

Синди со нова песна: Слушнете ја „Рампампам“

Пред околу 6, 7 години по телевизиите, радијата и клубовите имаше еден млад рапер кој имаше доста вртени и позитивни песни како што се „Ех Синди“„Прекрасна“„Мојата песна“… Станува збор за Димитар Синдилиев – Синди, раперот кој позади себе има 2 албума, бројни настапи и турнеја низ Македонија, а сега по подолга пауза нè изненади со нова песна. Тој во моментов е апсолвент на два факултети и тоа на Економски и Музички Факултет во Софија, Бугарија. Во времето кое тој не беше активен на македонската сцена, повремено се појавува како продуцент, текстописец и аранжер на афирмирани и неафирмирани артисти, а сега се занимава со продукција која опфаќа компонирање и креирање на музика, пишување текстови и менаџирање на пејачи и бендови. Синди е дел од собранието и бордот на организацијата ММИ(Македонска Музичка Индустрија), со што придонесува и лично се залага за нови имиња и креативни артисти.

Во новата комична и позитивна песна, Синди ни објаснува класична скопска вечер во класичен скопски локал, а како звучи тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑